Облеката за Коко Шанелбила начин на ослободување. Жената треба да се чувствува слободно да оди, да вози и да заборави што има на себе. Шанел ги заменила корсетите и широките дамски шешири, кои наликувале на птичји гнезда, со широки паталони, бретон блузички и морнарски кошули, парчиња облека, во кои жената може да дише, да живее, да се чувствува пријатно и секако да изгледа млада и привлечна.
Вечерната барокна тоалета била заменета со црно фустанче, искомбинирано само со едноставна, елегантна низа бел бисер. “Екстравагантните работи никогаш не ми прилегале.” – честопати изјавувала, мислејќи на тоа, дека екстравагантната облека не и прилега на ниту една жена.
Сепак сметала дека црната боја е таа која може да плени. Отсутноста на колажот на бои, во облеката што жената треба да ја носи, според неа, бил вистнскиот начин да се истакне апсолутната убавина кај една дама.