Откриена шпиунажа со огромни размери! Се сомничат кинеските и руските тајни служби!

popara1 ноември, 201317min00
68th Session Of The United Nations General Assembly Continues

Финска во четвртокот извести дека нејзиното министерство за надворешни работи било на мета на информатичка шпиунажа со огромни размери, но дека сепак не биле опфатени најчувствителните информации.

Како што изјавува министерот за надворешни работи, Ерки Туомиоја, безбедносната служба на финската полиција почнала со истрага поради сериозната шпиунажа.

“Ова е навистина многу непријатно“, признава Туомиоја, кој пред новинарите се појавил неколку часа откако една финска телевизија го обелоденила злосторството.

Како што известуваат властите, шпиунажата траела долго, а откриена е во почетокот на 2013 година. Финска веќе ги известила другите влади на Европската унија.

Според медиумите, властите на Финска сметаат дека зад овој напад стои руската и кинеската тајна служба. Министерот не сакал да ги објави имињата на осомничените, но вели дека ги има повеќе и ќе бидат објавени штом процесот официјално започне.

Интересно е дека информациите за тоа дека Финска е нападната пристигнале од надвор, а фактот дека Финска не успеала сама да ја открие шпиунажата која со години траела, е мошне непријатен, изјавил министерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *