
Кучињата комуницираат со мрдање на опавчето, а новото истражување ќе ви помогне да ги дешифрирате тие знаци.
Студијата открива дека страната лево или десно е пресудна. Всушност луѓето баш и не го разликуваат мрдањето на опавчето, но кучињата пак така можат да изразат многу чувства и состојби.
Кога кучето е вознемирено,на пример кога ќе се сретне со куче што го смета непријателски расположено, има тенденција да мафта со опавчето кон лево. Различното мрдање со опавчето е последица од процес во кучешкиот мозок. Активноста во левиот дел од мозокот предизвикува мрдање со опавчето кон десно, а активноста во десниот значи мафтање во лево.
Куче кога ќе здогледа куче што мафта со опашката кон лево, значи дека во тој момент му е активна десната хемисфера и дека чувствува негативни емоции, па исто така ќе возврати со нервозна реакција при што ќе му се зголеми активноста на срцето.
Куче кое ќе здогледа друго куче кое мрда со опавчето кон десно, ќе остане потполно смирено и пријателски расположено.
Во секој случај се работи за полезно откритие кое на ветринарите и сопствениците ќе им помогне полесно да го разберат своето куче и тоа како тоа се чувствува во дадена ситуација.