
Празникот кој го слави цела планета “Ноќта на вештерките“ подразбира веселба, колачи, необични и страшни костими, а колку голем е интересот за овој настан потврдува и тоа што бројни познати фаци не пропуштаат да ја прослават Ноќта на вештерките и своите костими да ги промовираат на сите страни.
Овогодинешниот хит за маскирање меѓу славните без конкуренција беше да се биде Мајли Сајрус и тоа од настапот на доделувањето на МТВ наградите, настап што го шокираше светот. Како Мајли Сајрус беше маскирана Парис Хилтон, како и сопругата на Хју хефнер, Кристал. Од друга страна, Мајли овој посебен ден го искористила за да биде Лил Ким, па облекла провокативен костим кој освен гола цицка подразбира и виолетова коса.
За маските на кланот Кардашијан може да се каже дека се направени без многу фантазија. Но со одлични костими можат да се пофалат Ферги и Алесандра Амброзио.







Ферги



