
Легендарниот Здравко Чолиќ својот 14-ти студиски албум “Оган и барут“ ќе го објави втората половина на месец ноември. На албумот ќе се најдат 12 песни, а Чола е автор на 9 од нив.
На новиот албум Чола соработувал со Антониа Шола, Бруно Ковачиќ, Маја Сар, Момчило Бајагиќ и Марина Туцаковиќ.
Специјален гостин на новиот албум на Чолиќ е Влатко Стефановски, кој со својата совршена музика ја збогатува насловната нумера “Оган и барут“ како и нумерата “Зарем не“.