Неверојатно: Нарко тунел помеѓу САД и Мексико! (видео)

popara2 ноември, 20131min00
7

Тунелот изграден за шверц на дрога од Тихуана во Мексико во калифорнискиот град Сан Диего е опремен со осветлување, вентилација и систем за железнички транспорт, што го прави еден од најсофистицираните откриени тајни премини во делот на американско – мексиканската граница.

Тунелот го поврзува складиштето во Тихуана со индустриската област во Сан Диего со магацини кои овозможуваат криење на камиони натоварени со дрога.

Тунелот е затворен во средата пред да биде дрогата транспортирана. Новиот тунел е осмиот голем премин во близина на Сан Диего откриен од 2006 година, кога мексиканскиот нарко картел Синалоа ги зацврстува позициите на шверцерскиот коридор. Властите соопштиле дека тунелот е првиот во областа на Сан Диего за кој е потврдено дека е користен за шверц на кокаин.

Narko tunel / Foto: AP

Narko tunel / Foto: AP

Narko tunel / Foto: AP

Narko tunel / Foto: AP