
Ксел Ха е уникатен воден парк во Мексико. Сметан за најголемиот отворен аквариум во светот, тој ја содржи во себе убавината на тиркизната лагуна и бујната тропска вегетација.
Еко атракцијата се наоѓа на карибското крајбрежје во рамките на Ривиера Маја. Од монденската дестинација Канкун го делат 120 км.
Тематскиот парк е создаден во 1980 година, а од 1995 година е под управата на меѓународно приватно друштво кое има 30 годишна концесија за стопанисување.




































