
Колумбија е четвртата по големина држава во Јужна Америка, после Бразил, Аргентина и Перу. Таа е единствената на континентот што има брегови како на Тихиот, така и на Атланскиот океан (Карибското море).
Колумбија ја има најразновидната флора и фауна на планетава. Тука има над 40 илјади цветни растенија, 1500 видови птици, од најмалата колибри, до најголемата птица кондор, мноштво влечуги, меѓу кои гигантски змии питон, боа и анаконда, голем број крокодили и алигатори, некои од кои се долги над 7 метри и со тежина од еден тон, голем број диви животни како јагуар, пума, мечка, мајмуни и др.
















