
Состојки:
6 кочани пченка
150 гр путер
100 гр рендан пармезан
0,5 кафена лажичка оригано
Сол по вкус
Подготовка:
Ја потопуваме пченката во студена вода и оставаме да отстои 30 минути. После тоа ја цедиме и сушиме.
Ги лупиме листовите од кочаните.
Во сад ги мешаме путерот, ориганото и солта.
Го мачкаме секој кочан со оваа смеса.
Ја загреваме скарата и печеме околу 10 минути или додека зрната не омекнат и добијат кафено златна боја.
Поросуваме со пармезан, а по желба и со малку свежо цеден лајм и сервираме.
Совет: Откако ќе ја испечеме пченката, може да ја завиткаме во фолија за посочен вкус.
