Вашето идеално работно место според хороскопот

7 ноември, 20130
21

Вашата кариера оди во оној правец што ви го одредил хороскопскиот знак. Во согласност со вашите карактеристики ѕвездите одредуваат која професија најмногу ви лежи.

Овен

Најдобра работа за овенот е полицаец или пожарникар. Успешни би биле и за промоција на производи, рекламирање или односи со јавноста. овните се отворени, па затоа овое професии се како создадени за нив.

Бик

Припадниците на овој знак напорно работат, но знаат дека на крај ги чека награда. Тие се познати по тоа дека уживаат во убави работи па идеално работно место за нив е она што е поврзано со фини работи, накит, цвеќе и сл. на биковите им одговараат работни места како адвокат, дизајнер, шеф и сл.

Близнаци

Ова се луѓе што сакаат многу да работат, но не се љубители на повторување на истата работа. Затоа за нив се идеални оние професии каде можат да работат на свој начин, а тоа се професори, учители, архитекти или детективи.

Рак

Ракот сака да се грижи за другите луѓе, па затоа ќе се пронајде како социјален работник, лекар, адвокат, учител, војник.

Лав

Лавовите се хранат од фактот дека се во центарот на вниманието. Доколку некој сака фирмата постојано да му напредува, нека си вработи лав на раководна функција. За лавовите се идеални професии како агент за недвижнина, дизајнер, продавач, и моден дизајнер.

Девица

Девиците се перфекционисти па за нив идеални професии се оние кои бараат премногу детали. Најдобра работа за овој знак е писател, учител, критичар, преведувач, детектив.

Вага

Вагата е социјален знак полн со живот па нивната работа би требало да биде поврзана со уметност, танц, пеење. Според тоа, идеална работа за вага е дипломат, танчер или актер.

Шкорпија

Шкорпиите се луѓе фокусирани на работата многу повеќе од останатите хороскопски знаци. Тие се создадени за детективи, хирурзи, психијатри.

Стрелец

Стрелците не сакаат рутина и тежнеат да ја избегнат на било кој начин. За нив работа од соништата е нешто поврзано со животни, спорт, дипломатија и односи со јавноста.

Јарец

Јарците се амбициозни и потребен им е предизвик за да бидат среќни. Според тоа идеална работа за нив е менаџер, банкар, администратор.

Водолија

Припадниците на овој знак се хумани, љубопитни и склони на авантури. За нив идеална работа е началник, дизајнер, танчер или музичар.

Риби

Рибите се креативни и страсни. Професии кои најмногу ќе им легнат се уметник, медицинска сестра, ветеринар или психолог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi