Ако ве однесе патот кон Москва, ќе имате шанса да го видите ресторанот каде во секој момент ќе можете да видите две исти келнерки, или бармени, но не грижете се, тоа нема да биде последица од премногу водка, ни пак проблеми со видот, туку е знак дека се наоѓате во локал кој вработува исклучиво близнаци.
Алексеј Кодорковски одлучил да отвори ресторан каде секој вработен мора да има идентична копија. Во овој ресторан можат да се вработат само близнаци и тоа само од истиот пол.
Сопственикот на ресторанот вели дека бил инспириран од филмот од 1960 година каде се раскажува за девојка во паралелен универзум каде пронаоѓа уште една идентична верзија на самата себе.
httpv://www.youtube.com/watch?v=haryH1xJ_Og