Рејли Бич е мал полуостров кој се наоѓа меѓу градовите Краби и Ао Нанг во Тајланд. Изолиран од континентот, тој е заобиколен од топлото Андаманско море, бујна џунгла и високи карпи. Макар што овие карпи привлекуваат алпинисти од целиот свет, реонот пред се е популарен поради класичните рајски плажи, скапите резорти, чистите девствени води и не на последно место – опуштената атмосфера.