На момчето што умира исполнета последната желба: Сан Франциско стана Готам Сити!

popara17 ноември, 20131min00
5

Петгодишниот Мајлс Скот имал една огромна желба – да биде Бетмен, или поточно Беткид, само еден ден.

А хуманитарната организација Make-a-Wish одлучила да ја исполни желбата на ова момче кое се бори со леукемија, а во моментов е во ремисија, па овој петок Сан Франциско за еден ден беше Готам Сити.

“Оваа желба значеше затварање на едно поглавје за нашето семејство и крај со тригодишното внесување отровни лекови во телото на нашиот син“, изјавила неговата мајка Натали.

Денот на Мајлс започнал така што шефот на полицијата го известил дека Готам Сити има проблеми. А после денот поминат во борба против злото на малиот Беткид му се заблагодарил за помошта градоначалникотЕд Ли.

http://www.youtube.com/watch?v=UoWzs2vdipA