
Мажите за време на секс најчесто лажат за своите емоции, а жените пак глумат дека доживеале оргазам. Истражувањата покажале дека и едните и другите лажат од исти причини – не сакаат да ги поврдат чувствата на партнерот.
Меѓутоа додека жените најчесто вриштат за да му покажат на партнерот дека доживеале оргазам, додуша лажно, мажите се служат со други методи. Најчестата лага што ја изговараат за време на секс, верувале или не е “Те сакам“.
После ова следи “Душо ти си најдобра“. Оваа фраза ја користат голем број мажи, но сексуалните терапеути напоменуваат дека овие фрази можат да ја парализираат врската.
Лага која исто така високо котира е “Никогаш не размислувам за други додека се сексам со тебе“, со оглед на тоа дека сите мажи прибегнуваат кон секс фантазии каде се вклучени други женски особи.
И последната фраза која гласи “Тоа што го правиш е одлично“ е лага која најчесто е продукт од претерано внимание односно партнерот го фали она што вие го правите, само за да не ве повреди, а реално не мисли така.
Меѓутоа од искрената комуникација зависи и квалитетот на сексот, па би било подобро да престанете со воие лаги. Нема да биде лесно, но исто така нема ни да се покаете.
