
Состојки:
4 поголеми компири
150 гр младо сирење
1 јајце
Сецкан магдонос
1 лажица кисела павлака
Црвена пиперка
50 гр путер
Бибер и сол
Подготовка:
Компирот добро се мие, се става во вода, се посолува и се вари најмалку 30 минути на слаб оган.
Кога компирот ќе биде готов, се цеди, и се сече на половина по должина. Ако е потребно, засечете малку од долната страна за да може да стои како сад. Со важица внимателно издлабете дупка во компирот, но не премногу.
Подгответе фил, така што со вилушка ќе изматите сирење, ќе додадете павлака, јајца, магдонос, малку бибер, сол и сецкана пиперка, па добро сето тоа ќе го измешате.
Подредете ги компирите во сад за печење и со лажица наполнете ги со филот. Меѓу компирите ставете путер или маргарин.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.