Еве зошто мажите се палат на постари дами

20 ноември, 20130
5

Се поголем е бројот на мажите кои претпочитаат постари дами. Истражувањата покажале дека младите момци поради многу причини стапуваат во однос со повозрасни жени, а ова се едни од најважните:

Зрелост и доверба

Повозрасните жени внесуваат зрелост и самодоверба во врската. Имаат многу повеќе искуство и постабилни се од младите девојки.

Постарите жени се забранети

Овој фактор ги прави уште попривлечни. Нормална тенденција е луѓето да го сакаат повеќе она што не можат да го имаат.

Помала конкуренција

Младите девојки имаат по неколку мажи кои им се пуштаат. Постарите жени не се толку барани.

Превземање на контролата

Младите мажи немаат доволно искуство со жените и можеби не знаат што да очекуваат. Па затоа за нив е удобно во врската некој друг да ја превземе контролата, некој со повеќе искуство во такви ситуации.

Интелигенција и доверба

Многу мажи ги сметаат повозрасните дами попривлечни поради фактот што во споредба со помладите девојки првите не се толку површни. Разговорот со искусна дама може да биде многу поинтересен и интелектуален, додека помладите на тоа поле се незрели, а понекогаш и плитки.

Независност

Поголемиот дел од повозрасните жени се финансиски независни и имаат успешна кариера. Мажите сакаат кога нивната партнерка е задоволна од својот живот и се издржува самата.

Потреба за мајка

Се вели дека сите мажи имаат мало дете во себе. Постарата жена може многу успешно да ја исполни оваа машка потреба.

Искуство

Кој може да одолее на некој кој е поискусен од него и кој може да те однесе во еден нов, непознат за тебе свет? Таков уште не се родил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi