
Писмото на војникот во кое тој на својата девојка мошне оргинално и го возвраќа ударот поради неверство деновиве а апсолутен хит низ социјаните мрежи и има илјадници позитивни коментари и подршка.
Се работи за еден американски маринец кој бил испратен во Авганистан, каде примил писмо од девојката. Во писмото таа му признала дека спиела со двајца мажи додека тој бил отсутен и дека сака да стави крај на нивната врска. исто така напишала дека сака да и ги врати нејзините фотографии.
Маринецот го направил она што секој нормален маж би го направил. Почнал од своите другари војници да бара фотографии од девојки, кои на нив повеќе не им се потребни.
Собрал еден куп, па ги испратил на својата сега веќе бивша девојка, а во писмото напишал: “Која од нив си ти? Те молам земи ја својата фотографија, а останатите врати ми ги!“