Должиш на мафија? Марш во Фокушима:)

popara21 ноември, 201318min00

Јапонската мафија позната како Јакуза ги испратила своите должници во радиоактивната област Фокушима, без заштитна опрема.

Луѓето без адекватна заштита, па дури и без гајгеров бројач се испратени на чистење на радиоактивниот терен околу Фокушима, непосредно после несреќата.

Луѓе со коцкарски долгови, незапослени, бездомни но и ментално заостанати луѓе биле мета за регрутирање од страна на мафијата која ги набавувала крајно потребните работници.

Во овој случај компанијата “Тепко“ која е сопственик на атомската централа во Фокошима, побарала да се регрутира работна сила, а тогаш е вообичаено да се побара помош од Јакуза.

Несреќата во Фокошима се случи 16 март 2011 кога експлодира еден од реакторите на атомската централа, после земјотресот и цунамито кои ја погодија Јапонија.

Foto: Tanjug/AP

Foto: Tanjug/AP

Foto: AP/Tanjug

httpv://www.youtube.com/watch?v=hHMrH3ahCs8