Поп дивата не успеала да го фасцинира човекот кој е познат како египетски Индијана Џоунс, кој тврди дека ја избркал пејачката од пирамидите поради нејзиното “ глупаво и некултурно однесување“.
Захи Хавас, бивш египетски министер за археолошко наследство тврди дека бил крајно разочаран од нејзината посета во Египет во 2009 година.
За време на нејзината турнеја пејачката ги посетила пирамидите во друштво на Захи Хавас. Меѓутоа контроверзниот археолог немал убави зборови за пејачката, изјавувајќи пред локалните медиуми дека Бијонсе е “глупава личност која ништо не разбира“.