
Престолонаследникот Шеик Хамдан (31) се качил на една од највисоките згради во светот, Бурж Калифа.
Принцот Хамдан позирал на врвот на зградата која брои 160 катови и висока е 828 метри, како дел од кампањата за домаќин на Светската изложба 2020 година. Видеото од овој подвиг е објавено откако од Парис соопштиле дека Дубаи успешно ги поразил останатите кандидати од Бразил, Русија и Турција.
“Победата за домаќин на Светската изложба е доказ дека ОАЕ се глобални лидери за организирање на масовни настани со вакви размери“ – изјавил престолонаследникот.
Властите проценуваат дека настанот ќе чини 5,2 милиарди фунти, но дека економијата ќе инкасира 14 милиарди фунти.
Светскиот саем 2015 ќе се одржува во Милано.

httpv://www.youtube.com/watch?v=0iMRPUv7RA8