Брза и превкусна торта од банани и бисквити

popara22 ноември, 201418min00
11

Состојки:

3 пакетчиња пудинг од ванила

1 литар млеко

5 лажици шеќер

3 банани

Шлаг крем или павлака за шлаг (течен шлаг)

450 гр петит бисквити

Подготовка:

Сварете го млекото со шеќер. Додадете го во течноста растворениот пудинг и мешајте додека не добие доволно густина и изедначеност. Искршете ги бисквитите и ставете ги во поголем сад. Исецкајте ги бананите и додадете ги во бисквитите. Врз тоа додадете го пудингот и измешајте. Смесата се исипува во калап за торта кој претходно ќе го поросите со кокосово брашно. Измазнете на површината и оставете ја тортата во фрижидер за да се стегне. Изматете шлаг со додавање на шеќер по желба и премачкајте врз тортата откако сосема ќе биде оладена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag