
Оваа година од Пежо најавија ново спортско возило, а станува збор за најновиот Peugeot RCZ R, кој ќе биде лимитиран само на 500 автомобили на глобално ниво. Најновите информации кажуваат дека овој модел ќе го има познатиот супертурбо мотор 1.6 кој ќе развива 267 коњски сили, мотор кој го има познатиот Мини Купер. Што се разликува од регуларниот модел на RCZ, новиот модел е полесен за 20 килограми, и тоа се одземени од главната каросериска линија, односно заменети со карбон-фиберски материјал. Возилото е и целосно тестирано на тркачка патека, за која Торсен диференцијалот му овозможува голема моќ на предните тркала. Кожните спортски седишта се исто така нови како и хромираните конзолни предни светла, менувач на брзини на воланот и помал агол на воланот за вртење. Регуларниот модел ќе чини околу $58.000 додека појакиот модел R ке биде $15.000 плус од стандардниот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=l6UmR376FX4