Прашања на кои нема да добиете одговор!

popara5 декември, 20131min02
Crumpled question marks heap

Зошто округлата пица секогаш доаѓа во квадратна кутија?

Дали поштарот сам си ја разнесува поштата?

Колку треба да биде позната личноста за нејзиното убиство да се смета за атентат, а не убиство?

Ако постои Господ, зошто тогаш има громобрани на црквите и џамиите?

Зошто храната за мачки не се произведува со вкус на глушец?

Сигурно веќе сте слушнале за неуништливите црни кутии во авионите… зошто тогаш не го направат целиот авион од таков материјал?

Ако имаш куќа на три спрата и се наоѓаш на вториот, дали тоа значи дека истовремено си и горе и доле?

Ако некој поседува парче земја, колку го поседува во длабочина? До центарот на земјата?

Како му ставаат лисици на човек со една рака?

Дали прво се будиш или прво ги отвараш очите?

Дали Кинезите тетовираат наши зборови на нивните тела или само ние тетовираме кинески зборови на нашите тела?

Зошто луѓето не викаат “ Тоа е само игра!” и тогаш кога победуваат?

Ако има земјотрес на Марс, дали би се нарекувал Марсотрес?

Може ли црнец да се зачлени во ККК (Кју Клукс Клан)?

Ако докторот за време на операцијата доживее срцев удар, дали останатите доктори ќе му помогнат прво на него или на пациентот на операционата маса?

Ако духовите во филмовите можат да одат преку ѕидови и да се лизгаат по скалите, зошто тогаш не можат да пропаднат преку подот?

Ако нозете на бебето излегуваат од мајката во 23:59, а главата во 00:01, на кој датум е родено тоа бебе?

Зошто “скратеница” е толку долг збор?

Ако некој ве праша “Може ли да ве прашам нешто?”, не е ли тоа веќе прашање?

Зошто камиказите носат кацига?

Како знакот “Не газете по тревата” стигнал на средина на тревникот?

 

2 comments

  • kiko

    11 април, 2014 at 19:05

    Polesno e da se napravi okrugla pica otkolku kitija pa zatoa kocka
    Ne si ja raznesuva mu ja nosat ako ne e na negov reon a ako e od posta si ja stava u djep
    Da se spomnuva od vreme na vteme na tv ili nekoj vesnik

    Poso gromot e prirodna pojava a gospod e duhot verba vo nesto sto veruvas
    Zosto sladoledot nema vkus na voda tuku na malina cokolado vanila
    Treba da se pravat avioni da funkcionira industrijata hah sala
    Ako zivees u zgrada na prizemje togas u podrum. Si ? Glupo prasanje
    bitna ti e povrsinata a ako sakaa bazen da prais slobodno i odozdola kje e tvooj
    Ima naprava se stava okolu polovina i posle se vrzuva rakata
    See budis
    Na japanski tetovirame a taka se prai da ne se razbere sto pisuva kaj nas veruvanje a u kina ima nekoj so se tetoviral na dr jazik
    Vikaat toa e samo igra za uteha na drugiot mi se ima deseno koga imam izgubeno
    Zemjotres zosto se trese zemjata a imeto e kooincidencija
    Moze
    Na doktorot zosto on kje go spasi pacientot
    Zosto nejkjat
    Koga kje izleze celo e rodenov koa e do pola ne e rodeno
    Skratenica se kazuva ne se pisuva insce skrateno skr.
    Da ve prasuva dali moze da ve prasa uste nesto koa ve prasal nesto bez nelakva dozvola
    A sto da nosat noksir
    Nekoj zgazil togas za da ne zgazat mnogu vo idnina
    Se potrudiv malce ili ne ?

    Reply

    • popara

      11 април, 2014 at 19:40

      Си се потрудил да 🙂 Браво 🙂

      Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag