Состојки:
1 кг компири
50 гр сланина
Сол
Сирење
Кисела павлака
Подготовка:
Компирите се мијат, се сечат на пола и се посолуваат. Врз секоја половинка компир се поставува тенко парче сланина. Се пече на 200 степени додека компирите не добијат златно кафена боја. Се сервираат топли, со младо сирење и кисела павлака.