Едноставен лек за болно грло и одлично средство за зајакнување на имунитетот, кој лесно ќе го направите во домашни услови.
За подготовка на овој домашен лек направете го следново: Исечете неколку парчиња лимон, додадете неколку лажици домашен мед и на крај додадете исецкан корен од ѓумбир.
Смесата исипете ја тегла и ставете ја да отстои во фрижидер 1 до 2 месеци.
Кога смесата ќе стане како желе разблажете ја со малку топла преварена вода.
Вака, вашиот лек е готов за употреба.
Лекот се користи во следниве дози: Дневна доза за возрасни е 2 до 3 лажици дневно, а за деца 2 кафени лажички.