Барселона овие денови би требале да испратат официјална понуда за играчот на Арсенал, Цеск Фабрегас на инсистирање на Пеп Гвардиола. Многу очекуваат дека понудата ќе биде упатена, како и Гвардиола кој посакува промена во играчкиот кадар, иако дојде до двете титули во оваа сезона. Медиумите пренесуваат дека претседателот Сандро Росел прави се за да обезбеди пари за трансфер на Фабрегас, но можно е и да се продаде некој од оваа екипа, бидејќи недостасуваат уште 20 милиони фунти, бидејќи цената на Шпанецот е 60 милиони фунти. Во Барселона пристигнува нов дефанзивец, Хозе Анхел кој на ‘Камп Ноу’ доаѓа од Хихон.
Извор: Нетпрес