
Луѓето кои веруваат во ѕвездите имаат тенденција да ги запостават своите секојдневни обврски доколку хороскопот им вели дека ќе имаат лош ден.
Тоа е така затоа што оние кои веруваат во хороскоп сметаат дека не можат да ја сменат својата судбина, додека оние кои не се интересираат од астролошките предвидувања си водат нормален живот.
Во текот на истражувањето на испитаниците им било дадено да читаат песимистичен хороскоп и тогаш им дале да изберат дали да одат на журка или да си останат дома.
Оние кои верувале во хороскопот си останале дома, а оние кои не верувале одлучиле да одат на журка и да се забавуваат.
Човечката природа не тера да веруваме во судбина. Луѓето кои веруваат дека можат да ја сменат својата судбина, се обиделе да го сменат она што им пишувало во хороскопот.
За оние кои веруваат во ѕвездите, нивните ментални извори ги тераат буквално да се препуштат на судбината.
Учесниците во експериментот кои верувале дека судбината може да се менува, не ја трошеле својата енергија на песимистичните прогнози од хороскопот и продолжиле да се однесуваат исто како ништо да не прочитале.