Кокос торта
Состојки:
За фил:
10 жолчки
200 гр шеќер
200 гр путер
100 гр чоколада
За кора:
10 белки
300 гр шеќер
300 гр кокос
Подготовка:
Направете од белките цврст снег, додавајте лажица по лажица шеќер со постојано мешање додека смесата целосно се соедини. Внимателно додадете го кокосот во белките и префрлете ја смесата за кора во подмачкана тепсија. Кората се пече, потоа се остава да се олади, па се сече на два дела.
За подготовка на филот изматете ги жолчките со шеќер, па сварете го филот на пареа. Со постојано мешање додадете ја искршената чоколада за да се стопи. Филот се вари се додека не ја добие потребната густина , а потоа оставете да се олади. Со миксер добро изматете го путерот, па додадете го во ладниот фил. Се мати се додека состојките добро не се соединат.
Врз секоја половина од кората се премачкува дел од филот, а на крај се поросува со кокос за декорација.