Помина кратко време откако стана хит нудистичкото шетање и одморот без граници во Барселона. Локалните туристи сега ќе треба да внимаваат како ќе се облекуваат од плажата до градските улици.
Градските власти вовеле строги казни за голотијата на јавните места, ограничувајќи пешачење во костими за капење на патишта, улици и патеки за шетање. Нудистите кои ќе го пречекорат законот ќе бидат казнети од 300 до 500 евра, а оние во костими за капење од 120 до 300 ерва.