Намалување на цената на зелениот картон за 30 проценти, најави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања при пуштањето во употреба на мост во неготинското село Долни Дисан.
“Владата направи анализи на состојбите во осигурителните друштва. Имаме и завршни сметки за 2010 година кои покажуваат дека има простор за намалување на цената на зелениот картон. Можам да најавам дека на првата седница на владата која ќе ја формираме ќе донесеме одлука за намалување на цената на зелениот картон и очекувам тоа да не биде помало од 30 проценти и за транспортерите и за граѓаните“, изјави Ставрески.
Одговарајќи на прашање за тоа колку изнесува јавниот долг на Македонија, министерот Ставрески рече дека Македонија е ниско задолжена земја дека долгот е 22,9 од БДП отсто и тој во последниот месец е намален за 46 милиони евра.
Извор: Нетпрес