
Кадилак Елдорадо е американски кабриолет пред се, луксузен,голем и комфортен. Опремен со моќни сопирачки и волан, клима уред, висинско подесување на волан, греачи на седиште, електрични прозори и темпомат, така што Елдорадо е прав луксузен кабриолет. Со бела боја и хромирани бандажи и браници, на прв поглед никого неможе да остави рамнодушен. Во внатрешноста, преовладува бела боја на кожни седишта и рачки од платина. Овој “монструм” од возило, го има најјакиот мотор кој Кадилак некогаш го поставиле во патничко возило. Станува збор за 8 цилиндричен 8.2 литарски мотор, со максимални 190 коњски сили и автоматски менувач. Цената му изнесува €17.000.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pH7RAyBMgIQ