
Кога Miss Teen на Америка била шпионирана преку вградената камера iSight на нејзиниот лаптоп, сијаличката воопшто и не светела додека била снимана. Замислете си седите дома, гледате телевизија, на интернет сте или слично, и еден ден ви пристигнуваат по пошта интимни содржини од внатрешноста на вашиот дом. Такво нешто и се случило на Кесиди Волф, каде имало дури и голи фотографии од неа. Што се случило? Најверојатно, има начин хакерските групи да ги шпионираат луѓето со iSight вградените камери на постариот модел на MacBook.Типично, кога камерата е уклучена, малото светло кој е индикатор дека камерата работа не е уклучено. Но, по неколку месечно барање се воспоставило дека сијаличката може да биде деактивирана и вие во секој случај да не знаете дека можеби некој ве снима. На поновите генерации на MacBook произведени после 2010 како што изјавиле од Епл, велат дека е невозможно некој да успее да ве шпионира. Така да, ако имате малку постар MacBook внимавајте.