Ако ве боли грло, Аспирин ќе помогне

popara23 декември, 201317min00
28

Аспиринот е еден од најдобрите лекови против воспалено грло, покажа последното истражување.

Растворете неколку таблети Аспирин во вода и потоа правете гаргара без да ја голтате течноста – тоа ќе ја намали болката во грлото. Гаргара се прави на секои 2 часа. Инхалациите со продукти кои содржат нане се исто така полезни.

Аспиринот го отпушува носот, ја намалува болката бидејќи делува како благ локален анастетик и ја смирува кашлицата, тврдат експертите.