Тим научници од Финска направиле истражување кое вклучувало волонтери од различни земји. Учесниците разгледувале видео и аудио материјали од кои доживувале најразлични емоции и така биле креирани атласи на телото кои покажуваат кои делови се најактивни во текот на одредена емоција.
Жолтата боја означува најсилна активност, црната умерен интензитет, додека сината боја ги означува деловите на телото кои се најмалку активни во текот на одредена емоција. Љубомора, љубов, страв, среќа, лутина…навистина интересно!