
Пред неколку седмици VW објавија дека ќе претстават два нови концепти во Детроит. Automotive News тврди дека едниот концепт ќе биде базиран на модел кој веќе постои, но ќе биде одликуван со погон кој ќе штеди гориво.
За другиот концепт малку се знае за моделот, но се претпоставува дека ќе заврши во сериска верзија на моделите кои ќе се произведуваат во иднина. Другиот концепт е објавен како мистерија, но се шпекулира дека ќе биде off-road концепт кој ќе се базира на еден од главните модели на VW.