Ќерката на покојната музичка дива Витни Хјустон се омажи за Ник Гордон кого нејзината мајка го гледаше како нејзино дете од неговата 12 година. Веста Боби Кристина Браун ја откри на својот Твитер на која објави фотографија од нивните бурми.
-Среќно венчани и многу заљубени-Објави Кристина на својот „Твитер” профил на кого ја пратат 129 000 фанови и пријатели.
Ник живеел со нејзе и нејзината мајка додека беше жива, а во нивната фамилија дојде откако неговиот татко заврши во затвор, а мајка му не била способна да се грижи за него. Пеачката никогаш не го посвои со документи, меѓутоа нивната врска го шокираше целото семејство, а најмногу нејзината Баба Сиси која изјави дека ова го смета за инцест!