Британскиот модел, Кели Брук повторно е среќно вљубена. Избраникот на нејзиното срце е бившиот маринец Дејвид Мекинтош.
Кели која предизвикува големо медиумско влијание во Велика Британија, фотографирана е со Дејвид за време на новогодишната прослава, а потоа и синоќа кога заедно се појавиле на роденденот на пејачката Пикси Лот.
27 годишниот Дејвид е иначе бивш маринец кој работел во Авганистан, Сомалија и Ирска. Тој подоцна се прославил со учество во реалното шоу “Гладијатори“ чиј формат се базира на физички активности помеѓу мажи и жени. Повремено работи и како модел.