Две американки на возраст од 15 години ја претепале својата 16 годишна другарка, а потоа ја држеле додека друг ученик ја силувал. Бруталниот напад бил снимен со мобилен телефон од страна на уште двајца тинејџери кои биле сведоци на ужасниот настан.
Во видеото јасно се гледа полуголата жртва во дворот на една куќа во Холивуд, Флорида, додека напаѓачите се иживуваат со неа. Несреќната девојка потоа била префрлена внатре во куќата каде малолетните Патриша и Ерика ја држеле, додека Вулфорк ја силовал.
Откако се обратила во полиција, жртвата изјавила дека без никава причина била нападната од страна на луѓето за кои верувала дека и се пријатели, откако заедно пушеле марихуана. За девојките кои ја држеле додека била силувана рекла дека и се другарки од најрана возраст.
На сите учесници во настанот ќе им се суди како на возрасни лица.
httpv://www.youtube.com/watch?v=f1gQvLI7Nns