Го оставила дечкото бидејќи бил дебел, а кога се разубавил го бара назад!

popara13 јануари, 201417min00
25

Џек Дерби е бодибилдер од Англија, кој последните две години ги посветил на својот физички изглед, бидејќи бил очаен кога неговата девојка го оставила поради вишокот килограми. За да се одмазди, си поставил за цел својот изглед да го доведе до совршенство.

Пред неколку години се срамел да ја соблече маицата поради својата дебелина, бидејќи тогаш јадел брза храна и конзумирал голема количина пиво. Тогаш се чувствувал многу непријатно во својата кожа.

Никогаш не ми рече дека сум дебел, но често ми зборуваше дека треба да почнам да посетувам теретана и забележав дека додека ме советува, ме гледа во стомак. Со тек на време бевме се помалку интимни. Кога ќе излезевме заедно, таа буквално зјапаше во мускулести мажи и ми велеше дека и јас би можел да изгледам така само доколку се потрудам – вели Дерби.

Кога раскинале бил очаен, западнал во депресија и уште повеќе се здебелил. А тогаш одлучил дека треба да се одмазди и почнал со теретана. Почнал да се храни здраво и да тренира секој ден.

Девојките кои претходно не ме погледнуваа, сега ме голтаат со очи. Ми се јави и бившата девојка и ми рече дека откако добро размислила, направила грешка што ме оставила и бараше да ја обновиме врската – раскажува Дерби.

Џек потоа завршил и медицински факултет и во моментов работи како лекар. На бившата секако и кажал “Не“, а вели дека во иднина ќе знае какви жени не го заслужуваат неговото срце.

Dzek-Derbi

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag