Тори Спелинг добила известување од сопствениците на станот во кој живеела дека ако не ги плати заостанатите сметки, ќе “лета“ надвор. Таа била револтирана и се обратила пред јавноста со цел да докаже дека редовно си ги плаќа сметките и дека ова е тешка навреда за неа и семејството.
Тори со семејството минатиот месец се преселила во уште поскап стан, но проблем направила оваа мала разлика на неплатени сметки, што било доволно да се “накурчи“ сопственикот и јавно да ја избламира.
Станува збор за долг од 7000 долари неплатена кирија, но бидејќи Тори веќе се преселила, не се стигнало до поголем инцидент.