Нов дизајн на еврото, но квалитетот ист!

popara13 јануари, 20141min00
euros-new-mariabruggeman_2

Банкнотите на единствената европска валута ќе останат во хартија, соопшти европската централна банка (ECB), воедно претставувајќи ја новата банкнота во апоен од 10 евра.

Дебатата за воведување пластични банкноти за еврото се разви откако Велика Британија објави дека ќе мине на пластични банкноти во 2016 година, со што ќе стане најголемата економија во светот којашто ќе ги користи.

evroto-ostanuva-vo-hartija-pretstavena-banknotata-od-10-evra-167026

 

 

Пластичните банкноти прва ги воведе Австралија во 1988 година и сега се во употреба во повеќе од дваесет земји во светот. Меѓутоа, Европската централна банка (ECB) и натаму ќе продолжи да ги изработува банкнотите за еврото од хартија, меѓутоа без памук.

„Следевме со голем интерес што прави Bank of England (централната банка на Велика Британија), како и другите централни банки во светот, и ги проучувавме нивните искуства. Резултатот од нашето истражување е дека ќе продолжиме со (…) моменталната серија”, изјави во седиштето во Франкфурт, членот на извршниот одбор на ECB, Ив Мерш на прес-конференцијата при претставувањето на новата банкнота од 10 евра, пренесува Reuters.

Според него, во ECB сметаат дека тоа е опцијата којашто најмногу се исплатува, која ги балансира безбедноста и трошоците. Мерш, сепак, одби да даде процена за заштедата. Новите банкноти ќе имаат заштитен слој кој ќе го продолжува векот на траењето.

Британската централна банка проценува дека со воведувањето на пластичните банкноти Велика Британија за десет години ќе заштеди 100 милиони британски фунти.

ЕCB, исто така, соопшти дека бројот на фалсификувани банкноти на еврото повлечени од оптек пораснал во втората половина од минатата 2013 година за 11,4 отсто во однос на претходните шест месеци, на 352 илјади. Тоа претставува најголемиот број повлечени банкноти од крајот на 2010 година, но и помал процентен удел во вкупниот оптек од 15 милијарди банкноти.

Новата банкнота од 10 евра би требало да го намали нивното фалсификување, објавија до ECB. Најмногу, пак, се фалсификуваат банкнотите од 20 и 50 евра, коишто сочинуваат три четвртини од фалсификатите.

Мерш, исто така, го бранеше постоењето на банкнотата од 500 евра, една од највредните единечни банкноти во светот, отфрлајќи ги сугестиите дека нејзиното постоење може да поттикне обем на црниот пазар. „Очигледно е дека крадците ги сакаат големите германски автомобили. Тоа не е причината да се забрани нивното производство”, заклучи функционерот на Европската централна банка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag