Едно истражување покажало дека паровите кои немале деца во бракот се задоволни со својата врска и дека меѓусебно повеќе се ценат во однос на паровите кои имаат деца.
Студијата која ја спровел Опен Универзити опфатила и интервјуирала околу 5.000 луѓе од сите старосни групи, класи и сексуални ориентации.
Кога испитаниците имале за задача да го оценат квалитетот на нивната врска, оние парови кои биле без деца обично давале повисоки оцени.
Исто така, тие многу повеќе се труделе да ја сочуваат својата врска.
Но кога требало да одговорат и да оценат колку се задоволни со животот воопшто, се појавиле одредени разлики во одговорите во зависност од полот на испитаниците.
Така, жените кои немале деца биле најмалку задоволни од животот, а мајките кои имале деца биле најсреќни.
Мажите со деца од друга страна пак биле нешто помалку среќни од оние кои немале деца.
Студијата покажала дека малите знаци на внимание и гестови можат многу да помогнат во одржување на врската.
Исто така студијата открила дека паровите сакаат да танцуваат на музика кога се сами дома.
Сепак во сите категории како најважен елемент за силните и здрави врски било изразувањето на благодарност.