Вежбањето ќе ви помогне да живеете подолго, да намалите вишок килограми и да го зајакнете срцето. Вежбањето со еден збор е најдобар лек за се! Еве кои здравствени проблеми можете да ги решите со вежбање.
Анксиозност – за луѓето кои страдаат од анксиозност најдобри се вежби базирани на медитација со фокус на дишењето, како на пример јога.
Губење на меморијата – вежбањето ја стимулира циркулацијата на крв во мозокот, осоебоно во оние делови кои ја контролираат меморијата, вниманието и концентрацијата. Најдобри вежби за вас: Научете Таи Чи, играјте тенис или танцувајте.
Проблеми со сонот – луѓето кои вежбаат имаат поквалитетен сон од останатите. Најдобри вежби: Било каква физичка активност во времетраење од 30 минути ќе го подобри вашиот сон.
Астма – звучи нелогично, но ако имате астма, што повеќе вежбате, помалку ќе страдате. Најдобри вежби за вас: Од кардио тренинг до планинарење.
Еректилна дисфункција и намалено либидо – овој проблем можете да го решите целосно само со вежбање. Најдобри вежби: Трчање или фитнес, со цел да се подобри циркулацијата под појасот.
ПМС и менопауза – најдобрите вежби кои ќе ви помогнат да ги намалите симптомите предизвикани од овие две состојби: аеробик, јога, пилатес и Таи Чи.
Болки во грбот и зглобовите – речиси секој вид болка може да се намали со помош на вежбање. Најдобри вежби: Тренинг за зголемување на силата и кондицијата на организмот ќе ги олесни вашите проблеми.