Ли Балантин бил 43 години во брак, а неговата сопруга ја изгубила битката со ракот. Минатата седмица за прв пат отишол во ресторан после нејзината смрт и забележал млад пар на кои им оставил порака напишана на салфетка.
Тажниот вдовец бил толку љубезен, па им ја платил вечерата на двајцата млади кои го потсетиле на него и неговата сопруга, а сето тоа се претворило во топла човечка приказна која би требало да ги инспирира сите оние кои ќе ја прочитаат.
Вака гласи пораката што им ја напишал:
Не ме познавате, но ќе ви кажам дека мојата сопруга почина минатата седмица. Денес за прв пат јас вечерам сам. Ме потсетувате на нас двајцата во минатото. Ве молам дозволете да ви платам вечера. Тоа ќе ја развесели мојата Керол и ќе ме усреќи и мене.
Оваа порака набрзо се нашла низ социјалните мрежи и секако предизвикала дискусија за тоа дали е реална или се работи за шега.
Синот на Балантин, ја забележал дискусијата и одговорил дека пораката навистина е автентична.
“Мојата мајка умре 30 декември, а тато вчера отиде во ресторан и сабајлето ми кажа што направил. Пријателите ми испратија линк од оваа фотографија. Да, точно е, тоа е ракописот на мојот татко.“