Неуспешна превара: Титаник не потонал, еве што се случило…

popara14 јануари, 201419min00
15

Писателот Робин Гардинер (64) во својата книга ја раскажал приказната за Титаник каде истакнува дека собрал документи и фотографии кои докажуваат дека Титаник и неговиот сестрински брод Олимпик биле заменети. Тој тврди дека на дното на Атлантикот не лежи Титаник.

Најголемиот брод на светот пред 100 години бил Титаник, а сите тврделе дека нема шанси да потоне. Сепак на 15 април 1912 се докажало спротивното – Титаник удрил во санта лед и потонал, а животот го изгубиле 1517 луѓе.

          Преживеаните ја опишале палубата, но на тоа место, според нацртите на бродот, требало да има кабини. Тоа е така затоа што тој брод не бил вистинскиот Титаник – вели Гардинер.

          Авторот твди дека според документите и изјавите на преживеаните патниците пловеле со Олимпик, а не со Титаник. Мотивот за замена лежел врз економските проблеми, смета Гарднер.

          Инвеститорот Морган, сопственик на компанијата Вајт Стар Лајн наводно до грло бил закопан во долгови. Токму тогаш му вршеле силен притисок компанијата да ја финансира поправката на Олимпик, кој бил оштетен во судар со друг брод.

Трошоците за поправката на оштетениот Олимпик осигурителните компании не сакале да ги покријат. Морган, за да се спаси од криза го направил следново…

Foto: Wikipedia/Public domain

Со цел фирмата Вајт Стар да добие пари од осигурителните компании, Олимпик требало да исплови наместо Титаник и во еден момент требало да потоне. Бродовите за спасување требало да бидат доволни за да се спасат сите патници. Испланирано било во близина да има и други бродови за да им помогнат.

Сепак планот се изјаловил…

Компанијата која била сопственик на бродот планирала помал судар и евакуација на патниците со помош на чамци за спасување и бродови кои се наоѓаат во близина, но планот не успеале да го реализираат.

Титаник до крајот на својата кариера пловел како Олимпик со цел да не се открие ужасната превара.

Ако се прашувате како е возможно да се помешаат два брода, авторот објаснува дека Олимпик и Титаник биле сестрински бродови и дека разликите помеѓу нив биле многу мали.

Целата приказна засекогаш ќе ја смени историјата. Гардинер ќе ја претстави во документарен филм на кој во моментов работи.

Foto: Wikipedia/Public domain

Foto: Wikipedia/Public domain

Foto: Wikipedia/Public domain

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag