
Памела Андерсон реши да му даде уште една шанса на поранешниот сопруг и повторно да се венча со него.
Ѕвездата на „Чуварите на плажата” на една гала вечера за собирање финансиска помош за жртвите на Хаити, го покажа својоѕ величенствен дијамантски свршенички прстен.
– Многу сме среќни. Нашето семејство е среќно и тоа е единствено што е важно, изјави 46-годишна Памела.
Ново-старите вереници првпат се венчаа во Лас Вегас во 2007 година. Тогаш, Памела беше ангажирана во „Планет Холивуд Рисорт и Казнио”. Таа се венча со Саломон во текот на 90-минутната пауза меѓу нејзџини два настапи.
Но, љубовта траеше кратко и тие набрзо се разделија, во 2008 година и официјално се разведоа .
Сепак, лани во октомври Памела беше фотографирана топлес на плажа во друштво токму на Саломон.
Ова ќе биде нејзин четврти брак. Таа претходно беше во брак со Томи Ли, со кого има два сина тинејџери, и Кид Рок.
Кога станува збор за Саломон, тој има две деца од првиот брак со актерката Елизабет Дејли, а потоа кусо време беше оженет со Шенон Доерти. Тој, исто така, беше во врска и со Парис Хилтон, со кој го сними познатото „домашно видео за возрасни”.
