
Доколку сте љубопитни, нестрпливи и сакате што побрзо, уште пред да го пробате, да дознаете дали тој или таа се добри во кревет, еве на што треба да обрнете внимание.
Талент за танцување
Ако човекот знае да се забавува, да лудува, да се глупира, веројатно истите тие квалитети ќе ги покаже и во кревет. Од друга страна, ако некој се срами да заигра додека другите го гледаат веројатно се работи и за ниска сексуална самодоверба.
Способност да слуша
Луѓето кои се сконцентрирани на разговорот, кои знаат да ги ислушаат туѓите проблеми со интерес и кои секогаш умеат да дадат соодветна повратна информација се исклучително добри во кревет. Способноста за добра вербална комуникација е знак за исто толку добра сексуална комуникација.
Знае да каже “Не“
Зборчето “не“ е особено важен детаљ. Тоа е збор што мора да се почитува безусловно и без исклучок. Луѓето кои немаат проблем јасно и гласно да кажат “не“ за она што не им се допаѓа, се луѓето кои никогаш нема да ве разочараат во кревет.
Моќ на проценка
Луѓето кои имаат способност да прочитаат дали некој навистина е заинтересиран за нив и дали некој едвај чека да побегне од таквата ситуација, се луѓето кои се фантастични во кревет. Тие напаѓаат кога знаат дека има повод, а се одалечуваат кога им фали материјал. Оние што ја немаат оваа способност се луѓето кои ние ги нарекуваме “досадни“.
Позитивна енергија
Луѓето кои припаѓаат во категоријата луѓе кои сакаат да ги развеселат и другите, но и самите се среќни и позитивни кога на другите им носат задоволство, секако дека добро се снаоѓаат и во спалната соба, па и таму ќе ве развеселат.
Скромност
Луѓето кои се фалат со своите сексуални вештини или бројните сексуални партнери, очигледно имаат проблем со главата. Скромните типови се многу подобри љубовници од фалбаџиите.