
Познатата пејачка Лили Ален изјавила дека славниот пар Бијонсе и Џеј Зи ја злоупотребуваат својата двегодишна ќерка Блу Ајви за лична промоција и успех.
Лили е мајка на две деца, но своите ќерки никогаш не ги експонира ни пак ги користи со цел да постигне поголемо внимание. Упатила критики за Бијонсе која гласот на нејзината ќерка го користела во песната која ја посветила токму на малечката Блу Ајви, со цел синглот подобро да се продаде.
Таа смета дека тоа се маркетинг трикови и дека никогаш не би ги злоупотребила нејзините две ќерки на таков начин бидејќи цената е превисока.
