
Неурохирургот од Германија, Андреас Цигер изјавил дека постои шанса Михаел Шумахер да остане во кома до крајот на животот.
Шумахер од 29 декември е во состојба на вештачки предизвикана кома после тешките повреди на главата. Лекарите соопштиле дека неговата здравствена состојба е непроменета, што значи дека е критична, но стабилна.
Поради анастезијата можат да се појават нус-појави како што се оштетување на црниот дроб, атрофија на мускулите и притисок во мозокот. Повредите на мозокот се најопасни. Прогнозите дали ќе се разбуди или не се засега неизвесни – изјавил хирургот.
Сличен став дал и неурохирург од Келн, Гереон Финк.
“Мислам дека се работи за тешко оштетување на мозокот. Неговата состојба е потешка одошто се мислеше. Зависно од тоа каде се случило крварењето во мозокот може да дојде до парализа, проблеми со говорот и промена на карактерот и личноста, доколку се разбуди од кома“, изјавил Финк.