Мажите не ги признаваат своите слабости пред никого, па дури и пред себе, поради што за некои работи молчат како растение. Нема таков човек што ќе ги натера да признаат дека во одредени ситуации се однесуваат како жени. Иако тие одлично знаат дека тоа е точно, приказната тука почнува и тука завршува. Никој освен нив самите не знае за нивната емотивна и нежна страна која ја покажуваат само во своите 4 ѕида.
Иако неговата потврда никогаш нема да ја добиете, бидете сигурни дека следниве работи ги прави исто како вас.
Оптеретен е со жени, врски, секс, состаноци.
Редовно ја негува кожата со креми и лосиони.
Размислува за своите модни комбинации.
Обожава гушкање, иако тоа нема никогаш да го признае.
Фотографира се околу себе и објавува фотки на социјалните мрежи.
Обожава релаксација во када.